СП: Владата да ја исправи одлуката за додатокот од 15 илјади денари за полициските службеници
Синдикатот на полицијата (СП) бара од Владата да им додели додаток од 15 илјади денари, односно да ја исправи последната одлука со која го одби предлогот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Според нив, со последната одлука, Владата покажало дека не ги почитува вработените во полиција, односно не го цени нивниот труд кој секојдневно е вложен при справување со коронавирусот.
– Сметаме дека вчерашната одлука е погрешна и дека ненамерно е направена, и дека на наредната седница грешката ќе биде исправена. Не заборавајте дека полицијата се справуваше со најголемиот бран во борбата против пандемијата. Сметаме дека барем останало малку траг од времето кога бевте прв човек во Министерството за внатрешни работи и веруваме дека знаете дека кои се ризиците со кои во изминатиот период се справуваат полициските службеници. Како и да е од вас произлезе паролата „Задоволна полиција, безбедни граѓани’’. Секако граѓаните се безбедни, но дали имаме задоволна полиција, време е да се запрашаме. Оваа е истата таа полиција кој вие велевте дека е професионална, порачаа од СП до премиерото Оливер Спасовски.
Големиот број на заразени полицискит службеници според СП не е заради непочитување на препораките за заштита, туку затоа што вработените во полиција секојдневно се изложени на висок ризик и контакти со голем број луѓе.
– Бараме вчерашната одлуката повторно да се преиспита и упатуваме апел, и барање до Владата, тоа е мала сума што ја заслужуваат вработените во полицијата, сумата од 15 илјади денари да им биде исплатена како морална сатисфакција за својот труд кој секојдневно го вложуваат на терен, велат од Синдикатот на полицијата.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер