Македонија
16. јуни 2016 - 16:34

Спасов: Продолжува грижата за лицата со хендикеп

70-тина лица со умерена и длабока ментална попреченост се дел од процесот на деинституционализација во Македонија.

Овие лица наместо во институции од затворен карактер се сместуваат во мали станбени единици кои функционираат како семејство.

Проектот го реализира Министерството за труд и социјала во соработка со граѓанскиот сектор.

Процесот на деинституционализација во македонија го спроведува невладината „Порака“ од Неготино.

Функционираат вкупно 16 заедници кои се сместени во осум куќи и еден стан.

Работата на станбените единици во кои престојуваат лица со ментална попреченост ја помагаат и локалните власти.

Наскоро Министерството за труд и социјала ќе објави оглас за отоврање на уште една станбена единица.

Се предвидува во следните четири години двојно да се зголеми бројот на луѓе кои ќе престојуваат во вакви семејни заедници..