Спасовски: Деведесет проценти од граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од тетовско Жеровјане порача дека низ цела држава сериозни санкции ќе има за оние кои мислат на профит пред заштитата на здравјето согласно мерките за Ковид-19.
Тој искажа благодарност до мнозинството граѓаните кои ги почитуваат мерките.
-Тоа се 90 проценти од граѓаните во државата кои почитуваат. Десет проценти имате секогаш што мислат дека најмногу тие знааат и само тие го прават тоа што треба да се прави. За тие има санкции. Секојдневно не само што затвораме и растураме семејни веселби, туку поднесуваме кривични пријави и за тие ќе има одговорност, нема да има толеранција. Секаде дали во Тетово, Куманово, Скопје, источна Македонија секаде каде што има такви состојби, рече Спасовски.
Непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 ќе резултира со сериозни санкции, порача првиот човек на полицијата.
– Има состојба каде граѓаните не можат да разберат, тие сопственици на ресторани не можат да разберат дека здравјето и животот се поважни отколку да земете профит од таа веселба и за тоа ќе има сериозни санкции. И кога бев претседател на Влада истканав дека времето на вакви здравствени кризи не е време кога треба да се остварува профит од било кого. Сега е моментот кога сите заедно треба да го сочуваме здравјето и да преживееме и понатаму да создадеме можности економијата да се врати во полн план, истакна Спасовски.
Апелираше сите да ги почитувата мерките за заштита на здравјето.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка