Спасовски - Трајановска: Северна Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот

- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоизбраната директорка на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје, Снежана Трајановска, на денешната средба ја потврдија долгогодишната успешна соработка и изразија подготвеност за продолжување на соработката во иднина.
Како што информираат од МВР, Спасовски на средбата изразил задоволство од тоа што нашата држава преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.
На средбата министерот Спасовски упати честитки до директорката Снежана Трајановска, посакувајќи и успех во работата на новата позиција и заеднички реализирани проекти.
Од страна на директорката Трајановска беше изразена благодарност до министерот за континуираната поддршката кон МАРРИ иницијативата и нејзината подготвеност за продолжување на соработката и во иднина.

Трајановска на средбата го брифираше Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на МАРРИ и приоритетите кои се во план да се реализираат.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
