Македонија
30. September 2015 - 18:28

Спасов:Заокружено реновирањето на прилепскиот Центар за социјални работи

Со инвестиција од 8 милиони денари, Министерството за труд и социјална политика, ја заврши темелната реконструкција на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, кој беше меѓу првите седум центри во земјава кои беа опфатени со овој проект на Владата, а кој е изграден пред повеќе од 30 години.
   
Со овој потег, условите за работа значително се подобрија, како за вработените, така и за корисниците на услуги на оваа државна институција.
 
Министерот Спасов при денешната посета на Прилеп, ја посети и Детската градинка во прилепското село Беровци, која е втора во населено место, покрај онаа во Топлчани, а планаирано е да се отворат уште две детски градиннки во населните места Канатлаци и Коњари.