Loading Video...
Балкан
5. September 2021 - 16:43

СПЦ со помош на специјалци и хеликоптери го спроведе планот во Црна Гора

Под силна заштита на специјалните сили во манастирот во Цетиње беше устоличен митрополитот црногорско-приморски Јоаникије. Тој и српскиот патријарх Порфирије со хеликоптер пристигнаа во манастирот откако граѓаните на Цетиње го блокираа периодот во градот протестирајки против неговото устоличување. Во Манастирот ги пречека помала група граѓани со аплауз и извици Достоен, а веднаш  по завршувањето на церемонијата свештениците беа евакуирани во Подгорица. Претседателот Гукановик ваквиот чин го нарече срамен.

Устоличувањето на митрополитот на Српската православна црква Јоаникие беше проследено со протети , блокади и судири со полицијата во Цетиње . Во протесите се уапсени неколку лица меѓу кои и советникот на претседателот Гуканови, а  повредени се и 20 тина полицајци.

Црногорците на барикадеите порачаа дека ваквиот чин на устоличување на  митрополитот на СПЦ  во манастир каде почиваат моштите на Свети Петар Цетињски е провокација и атак врз црногорскиот идентитет и независност.

За разлика од Цетиње, српските свештеници во Соборниот Храм  во Подгорица уште вчера беа пречекани со аплауз, поддршка и огномет. На големиот  број верници се приклучи и премиерот Кривокапик и неговите министри. Тој денска ги осуди нападите врз полицијата, оценувајки го она што се случуваше  во како  тероризам. Настаните во ЦГ ги коментираше и српскиот престедател Вучиќ кој ги отфрли на шпекулациите дека во сето ова е вмешана  српската тајна полиција и му се обрати директно на Гукановик.

Една третина од 620 000 жители на ЦГ се изјаснува како Срби, а некои српски националисти дури и го негираат црногорскиот идентитет.