Loading Video...
Кошарка
12. March 2020 - 15:17

Сплит противник на МЗТ Скопје А. во полуфиналето на АБА2 лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Сплит во полуфиналето на АБА 2 лигата. 
 
Ова е исходот по дуелите од последното коло во кое аеродромци во драматичен дуел го совладаа црногорскиот тим Ловќен со 75-74 , а Сплит со два разлика беше подобар од Широки, по што Хрватите ја презедоа втората позиција на табелата која им носи предност во меѓусебните дуели. Имено, првиот меч ќе се игра во Сплит, по што три дена подоцна, серијата подобар до две победи се сели во Скопје, а евентуалната мајсторка би се играла повторно во Сплит. 
 
Во второто полуфинале ќе играат Борац, Чачак и Сутјеска. 
 
Кога ќе се играат полуфиналните дуели зависи од ситуацијата, сега веќе, со епидемијата на „Корона“ вирусот, поради која средбите се откажани.