СПМ: Владата и МВР се одговорни за вчерашните насилства
Социјалистичката партија на Македонија ги охрабува граѓаните и македонскиот народ за постојано присуство на протестните собири кои на најдемократски начин го изразуваат сопствениот став, се вели во партиската реакција испратена утрово.
Социјалистичката партија на Македонија ги охрабрува граѓаните и македонскиот народ за постојано присуство на протестните собири на кои на најдемократски начин го изразуваат сопствениот став. Сметаме дека е многу важно протестите да се обележани со достоинство, во мирна атмосфера и насочени кон проблемот со кој денес се соочуваат македонскиот народ и македонската држава.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека отфрла и осудува секаков вид на насилство во било која форма.
Социјалистичката партија на Македонија, како најодговорни, ги посочува Владата и МВР за осмислување на едно крајно приземно, очајно срамно и недолично партиско-политичко сценарио, со кое току тие се директни иницијатори, нарачатели и виновници за синоќешните во еден дел насилни настани. Со нивна дозвола и на нивно барање е уценета, искористена и ангажирана одредена група млади луѓе провокатори за создавање тензија на сила и компромитација на граѓанскиот протест со најразлични и зачудувачки квалификации.
Социјалистичката партија на Македонија поединечно ги прозива Ковачевски и Спасовски за диретни одговорни за синоќешната манифестација на насилство, но и за државни чинители без основен демократски капацитет затоа што со брутална сила тргнаа на сопствениот народ.
Изведувањето на небулозна паралела со други претходни настани е врв на ограниченоста во нивното прифаќање на лична одговорност и вина, за што бездруго ќе дојде.
Овие излитени полициски методи единствено ги користи власт која е свесна за својата погубна политика и за крајот кој и се ближи.
Воедно, Социјалистичката партија на Македонија упатува апел до учесниците на протестите за коректен и мирен однос кон припадниците на МВР како на наши сограѓани и браќа, но и исклучување од протестот на секое лице со качулка. Затоа што секој присутен граѓанин преку својот лик, со чест и углед се легитимира за слободно искажување на личниот став.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека процесот на одбрана на македонските национални интереси и заштита на македонската држава ги дава првите резултати благодарејќи на бројноста на учесниците на протестни собири.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија укажува на зголемување на присуството и бројноста на протестните собири, зголемување на масовноста за што ги охрабрува сите гневни, револтирани и незадоволни граѓани да се придружат во современата историска битка на Македонците.
Сите заедно да ја испишеме и да бидеме дел од нашата историја. - пишува во соопштението на СПМ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација