Споредба и анализа на излезноста од овие и претходните парламентарни избори до 13 часот
Излезноста до 13 часот на територија на цела држава изнесува 24,6 % или гласале над 446 000 граѓани што е негде 150 000 граѓани помалку од 2016-тата кога во овој период гласале над 600 000 граѓани, а излезноста била 34,37 %.
Во првата ИЕ излезноста е 27, 12 % во споредба со претходниот изборен циклус во 2016-тата кога излегле 38, 35 % од граѓаните. Најголема излезност има општина Центар која има 31,57 % до 13 часот.
Во втората ИЕ 22, 05 % е излезноста до 13 часот, а пак во претходниот циклус таа изнесувала 33,63 %. Во оваа Изборна Единица општинатата Ѓорче Петров има најголема излезност со 25, 17 %.
Во третата ИЕ, истокот на Македонија, излегле 29,16 % од граѓаните додека тој процент во 2016-та изнесуваше 38,51 % до 13 часот. Најголема излезност има во Крива Паланка каде 43,4 % од гласачите го оствариле своето гласачко право, а пак во Штип 32,76 % е излезноста до 13 часот.
Во 4-тата ИЕ гласале 27,85 %, додека минатиот циклус 39,2 % од граѓаните до 13 часот излегле на гласање. Најголема излезност има во општина Новаци 42, 4 % и Прилеп со 33,22 %.
Во 5. ИЕ излезноста е 23,21 % додека во 2016-тата било за 10 % поголема односно 33,55 %. Општината Вевчани има најголема излезност 39,86 % и Битола 31,5 %.
Најниска излезност има во 6-тата ИЕ каде до 13 часот правото на глас го оствариле само 15,76 % од граѓаните, додека минатите избори тоа го сториле 23,93 %.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина