-->
-->
Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации
-->
Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз го почна настапот во новоформираната Лига на нации, откако попладнево во Скопје загуби од Бугарија со 1-0 (1-0) во рамки на првото коло во групата Ц 5.
Бугарките во раната фаза од натпреварот го отворија резултатот со голот на Јоана Станкова во 4-тата минута што на крајот се покажа доволно за гостинска победа.
Македонските фудбалерки не искористија неколку шанси за гол, а најидеалната ја пропушти Ленче Андреевска која во 41 минута се најде сама пред празниот гол, но биеше непрецизно.
Во второто коло избраничките на селекторот Кирил Изов ќе ја пречекаат косовската репрезентација на 27 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу пациенти во скопска болница
-
Средношколци нападнати во близина на нивното училиште во Аеродром - им се заканувале со пиштол
-
20 години затвор за обвинетиот за убиство на брат и снаа во Стајковци
-
Понеделник е неработен ден за сите во државава
-
Во јануари почнува имплементирањето на унгарскиот заем за компаниите
-
Касами пушти во употреба улица во Тетово само со албански знамиња | ФОТО
-
Три лица повредени откако возило од обезбедувањето на Гаши излетало од патот
-
Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата