-->
-->
Спортски риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион алармираат за загадување на водите на река Брегалница од локални фарми
-->
Пенлива река и неподнослива реа на измет од животни. Ова е сликата која ја забележаа спортските риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион на реката Брегалница, кои велат дека загадувањето е најзабележливо на 20 километри од брана Лошана.
-На околу 20 километри од фармите за свињи водата има неподнослив мирис а се забележува и бела пена во водата. Ова не е прв пат да се труе животинскиот свет во овој дел од течението на река Брегалница. Се трујат рибите без некој да одговара за тоа, велат риболовците.
Сомнежот за загадувањето го поткрепуваат со фактот дека на местата каде нема загадување, водата е бистра и чиста.
-Случајот ќе биде пријавен до надлежните, од каде очекуваме разврска и санкционирање на загадувачите, додаваат риболовците.
Надлежните најавија зајакнати контроли долж целото речно подрачје, со цел утврдување на фактичката состојба на терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228