Loading Video...
Спорт плус
29. April 2020 - 18:34

Спортските новинари од регионот во акција - Спортот нема да биде ист пред и по Ковид-19

Спортот пред и по Ковид-19 нема да биде ист, не само за самите спортисти и  спортски организации како и федерации, туку и за навивачите, но и за оние кои се задолжени да ги следат настаните спортските новинари.
 
Ова е опшата констатација која излезе како првичен заклучок од денешната онлајн средба на спортските новинари од југоисточна Европа со првиот човек на Светската Асоциација на спортски новинари (АИПС) Џани Мерло, и генералнот секретар на асоцијацијата Јуре Озмец. 
 
Дваесетина спортски новинари членови на Асоцијацијата на спортски новинари од југоисточна Европа, истовремено и членови на АИПС, преку апликацијата „Зум“ ги споделија своите искуства, од последиците кои произлегоа во спортот, а со тоа и работните задачи на спортските новинари, по повеќемесечната пандемија. 
 
„Не смееме да дозволимне оваа пандемија да не турне на страна. Ние мораме да бидеме присутни на терените и да известуваме. Тоа е наша работа и пред се обврска кон јавноста. Никако нема да дозволиме некои да ја искористат ситуацијата и да не замолчат, да го нотифицираме она што не е во ред, истакна Италијанецот“, Мерло, првиот човек на АПИС. 
 
Водејќи се препораките на здварствените власти, јасно е дека во сите земји, ќе важат нови правила за присуство на спортските натпревари. Тоа ќе донесе и до рестикција на местата на новинарите кои ќе известуваат од лице место. Нема да дозволиме на „нечесните лчица“ во националните спортски асоциации да прават цензура односно да бираат новинари, кои за нив се подобни, а кои не.
 
Еден од предлозите кој произлезе од денешната средба е токму членовите на Светската Асоцијација на Спортски Новинари (АИПС), како партнер на меѓународните спортски федерации да имаат приоритет во добивањето на работни дозволи на спортските настани.
 
Затоа, (АИПС), покренува иницијатива и во соработка меѓународните спортски федерации (ФИФА, УЕФА, ФИБА, ИХФ, ЕХФ....) да се најде решение и да им се овозможи на спортските новинари да си ја вршат својата професионална обврска.