Џет-Сет
4. January 2016 - 17:17

Spotlight најдобар филм во 2015 година според Националното здружение на филмски критичари на САД

Националното здружение на филмски критичари на САД ја прогласи драмата Spotlight на режисерот Том Мекартни за најдобар филм во 2015 година.

Мекартни и Џош Сингер се наградени во категорија за најдобро сценарио за истото остварување.

Spotlight е филм на тим на Бостон Глоб кој истражуваше злоставување деца од Католичката црква и за серија статии, добитник е на Пулицеровата награда во 2003 година.

 Филмот каде играат глава улога Марк Руфал, Мајкл Китон, Рајчел Мк Адамс, Џон Стенли Тучи, е номиниран за награда на Златен глобус во категоријата за најдобар филм.

Најдобар актер, според оценката на американските филмски критичари е Мајкл Б. Џордан за улогата Адонис Џонсон во филмот Creed, седмо продолжение на франшизата за Роки Балбо, додека за најдобра актерка е Шарлот Ремплинг за улогата во драмата 45 години.

За неколку дена ќе се одржи доделување на Златен глобус, втора по важност за филмски награди, веднаш после Оскар.