-->
-->
Спречен обид за криумчарење тигар од 240 килограми во Виетнам
-->
Виетнамската полиција пронајде тигар тежок 240 килограми, кој се наоѓал во железен кафез во камион на тројца криумчари, јавуваат локалните медиуми.
Тигарот е фатен во областа Кванг Нин на северниот дел на земјата. Организаторот на криминалната група Нгујен Ван Мин (49) признал дека нелегално го купил животното во централен Виетнам.
По апсењето, полицијата упаднала во домот на Мин и пронашла два трупа на тигри, 12 черепи и три кожи од тигри.
Во јули годинава, виетнамските власти на аеродромот Ханој го открија и најголемиот меѓународен синџир на трговија со рогови од носорог во овој дел од светот.
Виетнам е земја погодна за криумчарење диви животни. Од 2000 година, низ целата земја, 200 тигри биле фатени од ловокрадци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација