Македонија
17. January 2023 - 16:32

Спроведени само 20 проценти од планираните реформи во правосудството

Реформи во правосудството само на хартија. Од планираните пари од буџетот, се искористиле само 20%, констатирал државниот ревизор. 

За период од 4 години, односно од 2017 до 2022, се издвоиле скоро 6 милиони евра буџетски пари за да се спроведат 15 мерки. Но, се потрошиле едвај 1,2 милиони евра. 

Иако предвидени, правосудството не изградило нови простории, не обезбедило простор за судници и канцеларии на Управниот суд ниту пак опрема. Не потрошиле ни денар за воведување на законски одредби, вработување и екипирање на одделенија, специјализирани обуки, спроведување на медиумска кампања, испитување на јавното мислење, склучување меморандуми со Комората на извршители, Агенција за супервизија на осигурувањето и Стопанските комори, како и зајакнување на капацитетите за буџетско планирање. 

Целта на ревизијата е да ја утврди успешноста од Стратегијата за реформи во провосудството, која е основа за продолжување на препораките што ги бара  Европската Комисија како услов за членство во Унијата. 

Како стретешки цели на реформата во правосудтсвото предвидени се 72 мерки за постигнување независност, непристрасност, одговорност, транспарентност, пристап до правда, бесплатна правна помош, адвокатура, извршување, медијација и нотаријат. Од овие мерки, само половина, односно 40 се реализирале во целост, а дел се сеуште заглавени во Собраниска процедура. Од планираните закони и законски измени, според ревизијата донесени се само 50%. 

Според ревизорот, од вкупно 130 мерки целосно се реализирале само 52%, 34 делумно и 14 отсто воопшто не се спровеле. 

Ова се должи на несоодветното дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуство на јасни и мерливи индикатори, нереални рокови, проценети извори за финансирање, недоволна координација на институциите и надлежните тела за спроведување  на мерките. 

Покрај пари од буџетот, за целосна имплементација на Стратегијата, се користела и странска помош. Се донирале речиси 7,5 милиони евра, иако не било јасно дефинирано колку пари ќе им бидат потребни за спроведување на мерките.