Loading Video...
Фудбал
18. May 2020 - 16:14

Спроведено првото тестирање на Ковид-19 во македонскиот фудбал

 
 
 
Откако Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) пред одредено време најави дека ќе помогне на своите членови, и дека ќе спроведе тестирање од Ковид-19 на играчите и персоналот во фудбалските екипи денеска тоа и почна да се спроведува. 
 
Имено во организација на Синдикатот на фудбалери, а со поддршка на болницата „Аџибадем Систина“ денеска беше спроведено првото тестирање во еден македонски клуб. 
 
„Мобилна екипа на Аџибадем Систина денес беше во просториите на ФК Македонија Ѓорче Петров. Тестирани на Ковид-19 беа сите фудбалери, стручниот штаб и сите останати кој работат во клубот. ФК Македонија Ѓорче Петров е првиот фудбалски клуб кој што се тестира на Ковид-19“, се вели во информацијата која ја објавија од СФМ на својот официјален Фејсбук профил.