Loading Video...
Свет
3. December 2020 - 16:31

Србија носи нови мерки, на удар угостителите

Србија од утре ќе воведе нови антиковид мерки. Угостителските објекти ќе работат до 17 часот  во работните денови, а за викенд ќе бидат целосно затворени. За време на викендите ќе бидат затворени и трговските центри, игротеките, фризерските салони, теретаните, базените... За да спречи ширење на заразата Грција одлучи да го продолжи карантинот до 14 декември. И Германската влада ги продолжи строгите мерки до 10 јануари. Мерките вклучуваат и забрана за прифаќање гости во хотели и ресторани, а во сила е и забраната за собирање на повеќе од 5 лица од две домаќинства. За време на престојните празници во Италија ќе  има построги ограничувања. Ова нема да биде Божиќ како порано, но навистина ни треба придонес на сите да го намалиме бројот на инфекции, и за жал многу големиот број смртни случи, изјави министерот за здравство. Други пак европски држави планираат да ги олабават мерките за време на празниците.

Трамп на Божиќна забава во Белата куќа најави дека ќе се кандидира за претседател на САД и во 2024 година.

- Тоа беа неверојатни 4 години. Ние се обидовме да направиме уште 4 години, во спротивно ќе се видиме за четири години порача Трамп.

И по еден месец од изборите, Трамп одбива да признае пораз. Соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата на 46-от претседател на САД на 20 јануари.

Обединетите нации го отстранија канабисот од листата на најопасни дроги и го прекфаликуваа во средство за медицински цели на листата на помалку опасни дроги. Експертите велат дека ова би можело да ги олесни ограничувањата во истражувањата за неговата терапевтска употреба при некои медицински сосотојби. Одлуката Комисијата на ОН за опојни дроги ја донела по препорака на СЗО.

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелациониот суд против поранешниот војник Мирослав Марчек е конечна и повеќе не може да се обжали. Куцијак стана познат по откритијата за затајување данок и бројните измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата.