Loading Video...
Свет
22. May 2020 - 13:43

Србија од денеска ги отвори своите граници

Србија од денеска ги отвори своите граници, и за сите патници, според одлуката на владата не е задолжителен тестот за корона вирусот.  

На сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување со инфекција.

Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, Никола Тесла. Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна. 

Доналд Трамп се спротивстави на наредбите на извршните директори и не носеше заштитна маска при посетата на фабриката на „Форд“ во Мичиген. Американскиот претседател им кажа на новинарите дека и тој ја носел претходно додека не го снимаа камерите.

Во САД досега има повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а бројката починати се искачи на 94.000. Во случај на втор бран на пандемија на коронавирус Трамп информираше дека нема да воведе карантин и да ја затвори земјата.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров е под медицински третман заради сомневање дека бил инфициран со коронавирус, јавија руските медиуми. Тој бил пренесен со авион на клиника во Москва на 20 мај, откако покажал симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција. Се наведува дека чеченскиот лидер имал пневмонија, откако веројатно бил заразен со коронавирус.

Во последните 24 часа во Русиуја се регистрирани 150 смртни случаи како последница од коронавирусот, што е најмногу во еден ден. Досега во оваа земја регистрирани се над 3200 починати од ковид 19.