Loading Video...
Балкан
14. August 2020 - 16:43

Србија воведе ПЦР тест за влез, Црна Гора ги крева границите само со негативен ПЦР тест

Македонските граѓани од утре во Србија ќе можат да влезат само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа. Одлуката, како што објаснија од српскиот кризен штаб, е донесена врз основа на проценката на епидемиолошката слика на земјите од регионот.

За разлика од Србија која ги затегнува граничните протоколи,  Црна Гора најави од утре отворање на границите за македонските туристи, но само со задолжителен тест.

Во регионот рестрикции за македонските патници нема само на албанската граница, каде влезот е слободен, без задолжителен тест или карантин. Грчките гранични премини пак за Македонците остануваат затворени, додека во Бугарија може да се влезе само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Тест се бара и на границата со Косово, но доколку се работи за транзит тој не е потребен.

Македонските туристи можат да патуваат и во Турција без рестрикции.