Македонија
20. October 2016 - 14:35

Средба на министерот Лутфиу со холандскиот амбасадор

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска имаше средба со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп на која се разговарало за досегашната соработка и нејзиното продлабочување во областа на образованието и науката.

Министерот Лутфиу посочил дека МОН стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите Groninengen, Leiden и Utrecth  во Холандија согласно Конкурсот за стипендирање на студенти кои ќе се запишат на еден од 100-те најдобри универзитети во светот рангирани според Шангајската листа.

Од страна на министерот Лутфиу било потенцирано дека како Министерство се подготвени за воспоставување и продлабочување на соработката со соодветни високообразовни институции од Холандија со цел подобрување и усогласување на наставните планови и програми, размена на стручни кадри и други форми на соработка.

Во текот на средбата, како што соопшти МОН, од двете страни е искажан интерес за соработка во размената на научни и технолошки информации и публикации, експерти, обуки и семинари, организирање на специјализирани студии и слично.