Македонија
20. July 2017 - 9:02

Средба Османи - Маасикас

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе се сретне со заменик-министерот за надворешни работи на Естонија Мати Маасикас.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија и политиката на проширувањето, како и евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Естонскиот заменик министер денеска ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, како и со нејзините членови.

Вчера, Маасикас имаше средба и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.