Средба Пендаровски – Курти: Унапредување на соработката меѓу Скопје и Приштина
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во рамки на официјалната посета на Република Косово, оствари средба со премиерот на Република Косово Албин Курти.
-Пендаровски и Курти на средбата оценија дека односите меѓу двете држави се пријателски и конструктивни и во тој контекст го реафирмираа интересот за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на контакти меѓу владите на двете држави, подвлекувајќи дека истата придонесува кон градењето на добрососедските односи меѓу Македонија и Косово, информираат од Кабинетот на претседателот.
Двајцата високи функционери изразиле задоволство од досегашните економски релации и соработка меѓу двете држави и биле разменети мислења во однос на можностите за нивно натамошно унапредување.
-Претседателот Пендаровски посочи дека инфраструктурното поврзување и соработка во доменот на енергетиката, инвестициите и туризмот би требало да бидат во фокусот на двете држави во претстојниот период, информираат од Кабинетот на претседателот, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Во разговорот, претседателот Пендаровски ја повторил поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, оценувајќи дека како членка на НАТО, Република Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата.
-Покрај ова, соговорниците разменија мислења и во однос на дијалогот Белград-Приштина при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Македонија ги поддржува напорите на нашите сојузници и партнери во насока на постигнување заемно прифатливо решение, кое ќе придонесе кон зацврстување на мирот и регионалната стабилност и кое ќе обезбеди можности за натамошен просперитет на целиот регион, известуваат од кабинетот на Пендаровски.
Ново на Сител
-

Скопјанец се заканувал дека ќе го задави своето дете, кршел покуќнина и ја повредил сопругата и нејзината мајка
-

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
-

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште
-

Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
-

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
