Средба Вучиќ – Фон дер Лајен за регионалните прашања
Претседателката на Европската комисија се сретна утрово со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Вучиќ и фон дер Лајен разговарале за регионалните прашања, како борбата против пандемијата од ковид-19 и економската помош од ЕУ.
На дневен ред бил дијалогот помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на Србија и Косово, како и железничката линија помеѓу Македонија и Србија која ЕУ е подготвена да ја поддржи, напиша на Твитер фон дер Лајен.
Станало збор и за напредокот на Србија во преговорите за членство во ЕУ, каде Брисел сака да види уште позитивни резултати во областа на владеењето на правото.
Вучиќ денеска ќе се сретне и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата