Loading Video...
Ракомет
11. April 2019 - 16:20

Среќна победа на македонските ракометари на гостувањето кај Исланд

Македонските ракометари забележаа победа во првиот од двата натпревари против Исланд, во рамките од квалификациите за ЕП следната година
 
Среќна победа остварија македонските ракометари на гостувањето во Рејкјавик совладувајќи го Исланд минимално со 34-33 и тоа со голот на Дејан Манасков во последната секунда од мечот. 
 
Ако нашето најсилно оружје досега одбраната не беше на посакуваното ниво, овојпат нападот беше поразноврсен, па како резултат на таквата игра беа и дури 34-те постигнати голови 
 
Токму Талески заедно со Манасков беше и ракометарот кој во последните мигови ја презема одговорноста на себе, а со постигнатите четири гола во тој период потврди дека може да биде еден од лидерите во нашиот тим.
 
Прв стрелец во репрезентацијата на Македонија беше Дејан Манасков со осум гола, а Гоце Георгиевски запиша седум погодоци. На спротивната страна најефикасен беше Арон Палмарсон со 11 гола.
 
Вториот натпревар Македонија и Исланд ќе го играат во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” веќе во недела со почеток во 20 часот.