Балкан
14. September 2015 - 8:39

Српски лекар киднапиран во Либија

Српски лекар бил киднапиран вчера во Либија, јави дневниот весник „Блиц".

Лекарот, чиј идентитет се уште не е објавен, бил киднапиран недалеку од болницата „Ал сабеја“ во главниот град Триполи, објави српскиот дневен весник, цитирајќи ја либиската државна новинска агенција Лана.

Според изјавите на неговите колеги, Србинот бил киднапиран од група вооружени мажи. Повеќе детали не се познати.