Фудбал
16. November 2021 - 10:04

Српските фудбалери премијата од милион евра ќе ја донираат за лекување на болни деца

Српската фудбалска репрезентација го слави пласманот на Светското првенство во Катар 2022 после триумфот во Лисабон над Португалија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им вети еден милион евра на фудбалерите доколку успеат да се пласираат на Мундијалот.

Тоа се случи во текот на вчерашниот ден. Откако парите беа префрлени на сметката на Фудбалската федерација на Србија, фудбалерите на Србија се одлучија за хуман гест после големиот триумф на стадионот „Да Луж“ (1:2).

Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси одлучија ваквата премија да ја донираат во хуманитарни цели за лекување на болни деца.