Српските разузнавачи уапсија Mакедонец и двајца државјани на Србија заради кражба на документација за производство на муниција
Државјанин на Северна Македонија, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први Партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, уапсени се денеска под сомнение за злоупотреба и примање мито.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.
Според српското Обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и МВР на Србија.
Уапсени се С.Д., државјанин на Северна Македонија, сопственик на фирмата „Арс група“ од Скопје, поранешниот инженер во Први партизан Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега-конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М, соопшти Вишото јавно обвинителство.
На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.
Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.
Весникот „Вечерни новости“ без да го наведува изворот, под насловот „Голема акција на БИА во српската фаврика за оружје-Уапсен е албански шпион“, наведува дека Б.Г. и Албанецот Ш.Д. се уапсени поради кражба на документација за производство на муниција од калибарот 12,7 мм.
Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на 400-ина типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција…
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата