Македонија
1. December 2020 - 16:33

Стабилна е состојбата во образованието во поглед на ширењето на Ковид-19

Само 160 наставници и 66 ученици од прво до трето одделение кои имаат настава со физичко присуство досега се инфицирале со корона вирусот.

- Тоа во проценти е 0,05 % од учениците кои се со физичко присуство и помалку од 1% од наставниците. Тоа укажува дека во образовниот систем, пандемијата е под контрола и бројките се ниски, изјави Мила Царовска, министерка за образование.

- Он лајн наставата се одвива согласно капацитетите со кои располага државата и условите во коишто живееме, додаде Царовска.

- Започнавме со 70 % од учениците во октомври да бидат вклучни на он лајн настава, за да денеска имаме повеќе од 90 % од учениците, изјави Царовска.

Во подготовка е нова концепција за основно образование, што ќе се реализира по завршување на пандемијата, а подразбира помал број на предмети, а подолг претстој на учениците во училиштата.

- За да може сите оние практични вештини кои ги стекнуваат сега со курсеви, за кои одредени родители имаат финансиски средства да платат, а други немаат, ќе можат да ги стекнат во училиштата, додаде Царовска.

Ќе бидат вратени предметите ОТП, домаќинство и курсевите по драма и поезија.