Балкан
12. July 2016 - 18:02

Стани пиле бабано, стани да те водам дома -лелеци на погребот на малечката Анѓелина

На погребот на малата Анѓелина Стефановиќ од Зајечар, која беше силувана и свирепо убиена од страна на Владица Рајковиќ, владеешеголема тага. Мештанитое од село Вратарница се собраа да го испратат малиот ангел, сите заедно проколнувајќи го убиецот: „Нека се распадне, во најлоши маки нека умре“.

Неутешната баба Душанка не можеше да ги запре солзите.

-Ајде излези, немој да се криеш, ајде пиле бабино, да те носам дома, се само некои од зборовите кои неутешната баба успеа да ги изговори.

Foto: Telegraf

Погребот на тригодишната Анѓа почна денеска во 15 часот на гробиштата во Вратарница. Поворката тргна, а најблиските од семејството како и мајката го каќија малиот бел ковчег на трактор и тргнаа на гробишта.

Обдукцијата врз малечката Анѓа покажа дека манијакот и ги искинал внатрешните органи и свирепо ја убил удирајќи ја со камења по глава. Тој се наоѓа во притвор.