Бизнис
20. July 2021 - 19:58

Стапи на сила Законот за намален ДДВ, какви сметки за струја ќе добијат домаќинствата?

Намаленото ДДВ за струја стапи во сила. Законските измени влегоа во службен весник. Граѓаните за месец јули ќе добијат фактури  во кои ќе биде пресметано и  ДДВ од 18 и од 5 проценти.

Потрошувачката на електрична енергија заклучно со 15.07.2021 г. се пресметува со 18% ДДВ, а од 16.07.2021г. се пресметува со новото ДДВ, како резултат на стапување во сила на измените на законот за ДДВ . Следствено на тоа, корисниците ќе добијат фактури за електрична енергија со поделена потрошувачка согласно измените на ДДВ и новата цена на електрична енергија која се воведе на 01.07.2021, се вели во дописот од ЕВН.

Ова значи дека најкритични се првите   две недели од месецов  кога на граѓаните потрошувачката ќе им се пресметена по новата повисоката цена на струјата  од 12, 3 проценти и ДДВ  од 18 проценти, затоа што новата цена почна да важи од први јули, а данокот од 5 проценти  стапи на сила две недели подоцна.

Намалувањето на данокот на електрична енергија,   мерка која  уште минатата година ја предложија од  РКЕ  се донесе со цел да се заштитат граѓаните од новиот ценовен шок. Сега од комисијата предлагаат државата да го прошири и опфатот на ранливи категории на граѓани кои ќе бидат помогнати да ги плаќаат сметките за електрична енергија.

Следната недела ќе се знае и новата цена на парното. Според аналзите цената на гасот на светските берзи е во постојан пораст , но каква одлука ќе донесе РКЕ за новата цена ќе се знае до крајот  на месецов.