Македонија
20. March 2020 - 12:42

Стапката на невработеност падна на 16,6 отсто

Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2019 година падна на 16,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бројот на невработени лица во овој квартал изнесува 161 242 лица. Активното население во четвртиот квартал брои 968 604 лица од кои вработени се 807 362 лица.

Во првиот квартал од 2019 година стапката на невработеност изнесуваше 17,8 отсто, во вториот 17,5 отсто и во третиот 17,1 отсто.

Податоците покажуваат дека  во 2019 година, активното население во Република Македонија изнесува 964 014 лица, од кои вработени се 797 651, а 166 363 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.2, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 17.3.