-->
-->
Стапката на невработеност во Чешка изнесува 5,4 проценти
-->
Стапката на невработеност во Чешка во јули се зголеми на 5,4 проценти, од 5,2 проценти колку што изнесуваше во јуни, со што прекина трендот на опаѓање карактеристичен за изминатиот период, јави дописникот на МИА од Прага.
Според податоците кои ги објави Републичкиот Завод за вработување, работа барале 392.667 Чеси, односно околу 8.000 повеќе кандидати отколку пред почетокот на летото.
Работодавачите понудиле 135.758 работни места, највеќе од септември 2008 година.
За аналитичарите ова е очекувано, со оглед на крајот на школската година кога повеќе луѓе се пријавуваат за работа, а во летниот период пак фирмите ја намалуваат побарувачката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Регистрирани нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари