Стапува во сила драконскиот антигеј закон на Брунеи
Каменување до смрт доколку геј лице биде фатено за време на љубовен чин е казната предвидена од новиот шеријатски закон, кој од денеска влегува во сила на Брунеи.
Државата Брунеи, на северниот брег на островот Борнео од денеска ги воведува драконските казни за хомосексуални полови односи и прељубништво. Државата од 2013 година се обидува да воведе што повеќе закони засновани на шеријатското право. Светските организации со протести ја забавија претходната имплементација на казните, а во 2014 година беа одржани и протести во Лос Анџелес.
Во државата веќе е забранет алкохол и божикни прослави. Постојат парични и затворски казни за вонбрачни деца, но и во случај на прескокнување на петочната молитва. Новите казни вклучуваат и ампутација на раце и нозе во случај на извршена кражба. За некој да биде осуден на прекршувањето мора да сведочи група муслимани. Шеријатското право и казните ќе се однесуваат само на муслиманите, кои претставуваат две третини од вкупната популација на земјата, но само доколку двајцата престапници не се муслиманска вероисповест.
Веста за стапувањето во сила на новиот закон наиде на осуда од групите и организациите за заштита на човековите права. Амнести интернешнл побара „веднаш да запре“ имплементацијата на казните.
– Освен што наметнува сурови, нечовечни и понижувачки казни, јасно го ограничува правото на слобода на изразување, вера и убедување и ја кодификува дискриминацијата на жените и девојчињата. Да се легализираат такви брутални и нечовечни казни е грозно, изјави Рејчел Чоа-Хауард од Амнести интернешнл.
Силна осуда стаса и од германското Министерство за надворешни работи кое апелираше на брунејскиот амбасадор на „почитување на постоечките меѓународни обврски во областа на човековите права“.
Меѓу јавните личности кои ја осудија политиката на Брунеи е и холивудскиот актер Џорџ Клуни, чија сопруга е истакната адвокатка за човекови права Амал Клуни. По најавата на новиот закон тој повика на бојкот на луксузните хотели во Европа и САД кои се поврзани со султанот на Брунеи Хасанал Болкиахом. На неговиот повик се придружија и светски познатиот пејач Елтон Џон и водителката Елен Деџенерис.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата