Стапуваат на сила препораките и мерките за аерозагадување во Тетово, Куманово и Кавадарци
Поради надминат праг на алармирање за PM10 честичките, во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила неколку препораки и мерки.
Министерството за животна средина во соработка со Министерството за здравство се должни да им препорачаат на сите правни субјекти да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Се препорачува и реорганизација на работното време, а лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Не се препорачува организирање на спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Препорака е да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашната посета и патронажната служба.
– Владата да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50 проценти) употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Државниот инспекторат за животна средина треба да започне со вршење на зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.
– Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 посто) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија, посочуваат од МЖСПП.
Општините се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд