Loading Video...
Кошарка
28. September 2018 - 14:42

Стартна победа на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски вице-шампион МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ја започна со победа над словенечкиот тим Хелиос кој на стартот во АБА2-лигата го победи пред својата публика во „Јане Сандански“ со 92-79. 
 
Иако првата четвртина мина во блага иницијатива на гостите, сепак во продолжението аеродромци успеаја да ја намалат негативата на 3 поени на полувремето  (43-40).
 
Одличниот старт на вториот дел, им донесе на сино-белите и највисоки 15 поени предност (63-48) кои рутинирано ги одржаа до крајот на мечот. 
 
Андрија Бојиќ со 22 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, за кој Џејмс Вудард постигна 19 поени, додека Дамјан Стојановски и Иве Иванов придодадоа по 16 односно 13 поени.
 
Следниот меч од АБА2-лигата, МЗТ Скопје ќе го одигра на домашен терен и тоа веќе во среда кога за противник ќе го има тимот на Борац од Чачак. еден од конкурентите за највисок пласман.