Бизнис
18. March 2019 - 19:42

Стартуваат директните летови од Охрид до Малме и Милано

Стратуваат летовите од Малме и Милано до Охрид.

На охридскиот аеродром пристигна првиот лет на Виз ер од Малме со 118 патници а утре ќе биде пречекан и летот од Милано така што охридското крајбрежје ќе биде поврзано со два нови пазари.

Новите директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.

Министерот Сугарески најави дека за периодот до 2020 година за финансиска подршка за нови авио линии кои ќе овозможат развој на туризмот се предвидени 312 милиони денари.

Со додавањето на Малме и Милано, како нови дестинации, сега од Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како и 8 сезонски дестинации.