Ракомет
12. September 2019 - 9:34

Стартуваше ракометната Лига на шампиони

Со натпреварат меѓу финскиот тим Кокс и Савенхов од Шведска, кој заврши со победа на гостинскиот тим 25-30, стартуваше новата сезона во ракометната лига на шампиони. 
 
Овој натпревар е во рамките од Ц групата во која ќе настапи и дебитантот во ова натпреварување, македонскиот вице-првак Еурофарм Работник. 
 
Битолчани в недела од 17 часот во салата „Боро Чурлевски“ во премиерниот меч за противник ќе го имаат португалскиот Спортинг. 
 
Ден порано, одбраната на титулата во ЛШ ќе ја започне и Вардар кој во рамките од 1.коло на Б групата ќе гостува кај француски Монпелје. 
 
Тоа ќе биде дуел на двата тима кои во последните три сезони ја освојуваа Лигата на шампионите, вардарци пред три години и лани, а во меѓувреме и Монпелје (2018-та) се радуваше на трофејот.