Македонија
11. September 2020 - 21:24

Статистика: Каде исчезнаа околу 15.000 луѓе кои останале без работа поради корона кризата?

Според статистиката  во вториот квартал  бројот на вработени се намалил за речиси 18 илјади  лица, а во истиот период бројот на невработени се зголемил за 3. 000. Се поставува прашањето што се случило со останатите 15 илјади работници кои останале без работа.

Официјално никој нема точен податок што се случува со овие лица, но според неформалните проценки, овие околу 15.000 кои останале без работа, не се пријавиле во заводот за вработување. Можнио се две причини. Едната дека не веруваат дека ќе најдат работа во овој период, втората е дека веќе се подготвени да заминат во странство во првата можна прилика и затоа не се пријавуваат во агенцијата.

Според статистичарите  некој од нив станале  дел од сивата економија.

Од агенциите за посредување на работа велат дека состојбата на пазарот на трудот е алармантна. Многу малку работодавачи пријавуваат дека имаат потреба од кадар за работа.  

Бизнисот  веќе неколку пати алармираше да се донесе пакет економски мерки за спас на стопанството, за да може да ги задржат работниците на работа.