Статистика: Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е зголемен за 0,2 процентни поени и изнесува 20,7, а во однос на март минатата година е згоелене за 1,6 процентни поени.
-Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март во однос на февруари годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари годинава, објави денеска Државниот завод за статистика.
Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во март годинава е поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на март лани, сметаат раководителите на фирмите, кои во анкетата за Државниот зваод за статистика навеле и дека очекуваат бројот на вработени да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март годинава изнесува 69 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 25,6 проценти, недоволната странска побарувачка со 16,1 процент, недоволната домашна побарувачка со 14,6 проценти и неизвесното економско опкружување со 10,7 проценти.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел