Бизнис
28. February 2020 - 17:59

Статистика потврди, Македонија влезе во морталитет

Поразители  бројки за природниот прираст на населението објави  државната  статистика. За прв пат во историјата , минатата година има повеќе починати отколку родени лица.   Се родиле 19,725 лица, а починале 20, 412, што значи во 2019 та  природниот прираст е нагативен за  687 лица , или толку помалку имало  живородени деца од бројот на починати лица.  Старее ли македонската нација или бројките се должат на миграцијата во странство?

Според  Владимир Горчев од ВМРО ДПМНЕ, за демографската катастрофа ја обвини Владата на Заев, која ги натерала младите подобрата иднина да ја бараат надвор од Македонија

Влатко За прв пат во историјата на Македонија имаме повеќе умрени одошто родени за 3.5%. Никогаш во Македонија немало помалку родени бебиња и никогаш немало под 20.000 родени бебиња. Само во една година имаме изгубено 100 паралелки со падот на бројот на родени деца. Ова се ужасни бројки, ова е огромна демографска рецесија, изјави Влатко Ѓорчев, ВМРО ДПМНЕ

Според статисичките бројки  Битола  е прва на листата каде има  127 повеќе починати отколку родени, по што следи  Прилеп, со разлика од 80  лица, додека пак Сарај е Тетово се општините каде има над 100 повеќе живородени отколку починати. Голема е смртноста и кај новороденчињата.  Статистиката објави и дека лани починале  90 доенчиња , а 140 се родиле мртви.