Македонија
1. December 2021 - 16:39

Стефкоска ќе се сретне со Пецаков за охридските плажи

Ќe има ли урбана опрема на плажите долж охридството езеро ? Откако новиот градоначалник Пецаков најави дека ќе ги издава плажите под концесија , министерката за култура планира следната недела да се сретне со него за да разговараат за иднината на Охридскиот регион. Според неа, ваквите планови на градоначалникот, се противни на обврските кои треба да се исполнат пред  УНЕСКО. 

Во однос на аплицирањето за поддршка на проекти од национален интерес, конкурс кој за прв пат се спроведува по електонски пат, министерката рече дека рокот за пријавување ќе биде продолжен уште 15 дена, затоа што две третини  од  апликантите доставиле некомплетна документација.

Корисниците што ќе добијат е-пошта, ќе можат да ги докомплетираат пријавите. Фактот што речиси 2/3 од стасаните пријави во старт се нецелосни, што веројатно се должи на небрежноста на апликантите, нѐ наведе на овој чекор. Ова не подразбира нова пријава туку само дополнување на веќе доставените пријави што имаат архивски број. Од утре, 2 декември, до 16 декември е рокот за дополнување на пријавите.

Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува над 60 милиона евра.што е за 10 милиони евра повеќе од парите со кои располага министерството оваа година. . Главен приоритет останува заштитата на културното наследство, а во фокус ќе бидат и  капиталните инвестиции и санации на национални установи.