Македонија
12. March 2020 - 16:53

Стејт Департментот нотира висока корупција и неефикасно судство во извештајот за човекови права

Неефикасно судство и висока  корупција се нотирани во последниот извештај за човекови права на Стејт департментот.

Се наведува дека ваквите состојби се должат на ограничената независност на правосудниот ситем , политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање.  

Корупцијата пак се поврзаува со со доминантната улога на  Владата  во економијата и фактот дека  преку јавната администрација државата е најголем работодавач.

За ваквите состојби ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат функционерите на СДСМ и владата на Заев.

Техничкиот премиер пак вели дека целосно се свесни за забелешките на Стејт департментот, а во насока на справување со овие проблеми се прават реформи.

На светско ниво значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела..