Сто таблети добија основните училишта во општина Карпош
Општина Карпош соопшти дека доделила сто ИТ уреди – таблети за потребите на основните училишта кои се наоѓаат на нејзина територија. Овие таблети, како што се посочува, ќе бидат дел од библиотечниот фонд на школите и тие, пред се, ќе бидат на располагање на учениците од четврто одделение, но и на сите други на кои ќе им биде потребна ваков тип на ИТ поддршка.
Во посета на училишната библиотека на ООУ „Петар Поп Арсов“ денеска беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. Во изјава за медиумите тој ја истакна важноста од дигиталната писменост на учениците.
– Дигитализацијата на процесите е наша реалност. Нашите ученици секојдневно поминуваат големо време на своите мобилни телефони или компјутери. Важно е да знаат како паметно да ја користат технологијата. Да знаат дека преку истата можат да научат нови работи, да видат практични примери и сл. Во Карпош навистина имаме еден балансиран пристап во делот на користење на современата технологија. Во текот на наставата учениците ги оставаат своите мобилни телефони на посебни места, со цел да имаат поголемо внимание и истите ги користат единствено за целите на наставата, рече градоначалникот.
Проектот за опремување на училишните библиотеки со таблети е дел од буџетската програма на Одделението за образование за 2021 година. Општина Карпош изминативе години инвестираше и во подобрување на севкупните услови во училиштата, со цел да се обезбеди квалитетна и инклузивна настава. Направени се сензорни соби за учениците со попреченост, а дел од училишните дворови прераснаа во спортско – рекреативни центри, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри