Македонија
3. March 2020 - 15:00

Стоилковски: Филипче мора да одговори за скандалот „Шпанско село 2“

Хибридниот режим e фатен на дело, Венко Филипче се сокри зад партизираното министерството за здравство и повторно се обидува да манипулира. Му оставивме еден ден на Филипче да се предомисли и можеби да излезе со одговори на прашањата кои што му ги поставивме за аферата „Шпанско Село 2 “, но напротив, него нема.

Не министерот Венко Филипче, туку министерството за здравство призна дека семејството на сопругата на Филипче поседува имот во „Шпанско Село 2“ и дека градат на парцела. Филипче призна дека му доделил тендер на „Синерџи Медикал“, и како министерство од над половина милион евра, но и преку институциите коишто се под министерството за здравство за вкупна сума над 7 милиони евра.

Документите објавени од Агенцијата за катастар прецизно укажуваат дека Савески, семејството на сопругата на министерот Филипче и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012godina до 2019 година. Градежно земјиште во катастарската Општина Нерези, вон град.

Ова е графичката мапа на парцелите, со бои за полесно распознавање, со жолто се парцелите на семејството на сопругата на Филипче, со црвено на Горан Филипов кој што е сопственик на „Синерџи Медикал“ добитник на тендери во министерството за здравство, а она што е жолто со црвено односно шарено е заедничко на семејството на сопругата на министерот и на Филипов, добитникот на тендерите во министерството за здравство.

А ова во мојата рака се доказите за сите три шарени парцели кои што се сосопственички на имот на Савески Јордан, таткото на сопругата на Филипче и на Филипов, газдата на „Синерџи Мeдикал“ добитник на тендерите во здравството. Ова се документи од Агенцијата за катастар на недвижности.

Тука се секако и документите за сите други плацеви.

И купопродажниот договор за овие две сега парцели, поголемата црвената и жолтата во близина каде што сега се гради популарната касарна на Филипче, и тој документ покажува дека и ова било еден имот, со КП број 1867, покажува документот дека и тој е заеднички купен од братот на сопругата на Филипче и од Горан Филипов, директорот на „Синерџи Медикал“. Значи и овие сега две парцели, можат да бидат, односно некогаш биле шарени заеднички од како и овие другите погоре.

Уште една манипулација на Филипче. Не се работи за земјоделско земјиште, како што вели тој, односно министерството за здравство туку за градежно земјиште. Тоа го покажуваат документите кои што се потврдени и донесени од Општина Карпош. Во министерството за здравство можеби не знаат, но семејството на министерот добро знае дека согласно Законот за Градежно земјиште со донесувањето на урбанистичките планови, автоматски се извршува и пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Во конкретниов случај се донесени еден општ и еден конкретен документ со кој детално се разработува што ќе биде предмет на градба. Тоа е Архитектонско урбанистичкиот план, финансиран од инвеститорите, на нивен трошок. А тој покажува „Намената за градба: А4- Времено сместување“.

Еве ја и следната лага и манипулација. Ова е тој документот АУП. Тоа е документ од 2017 година за урбанизација финансиран од инвеститорите односно од Филипов и семејството на министерот Филипче, односно неговата сопруга.

Видно од АУП-от за Катастарските парцели е дека на овие локации не е предвидено да се гради семејна куќа, каде што стои на самата табла, каде што сега заеднички се гради таканаречената касарна на Филипче. Туку се градат 5 објекти со намена А4 – времено сместување со секој од нив со приземје, кат и поткровје и со вкупна површина за секој поединечно од 324 м2 или сите заедно 1620 м2.

Еве ги предвидените објекти, според документот АУП, графичкиот прилог од кои тука е и се гради, еден е на мајката на сопругата на Филипче, а другиот на сопственикот на фирмата „Синерџи Медикал“ кој што е добитник на тендерите од министерството за градби кои што веќе се градат и се познати како касарната на Филипче.

Јавно прашав дали можеби освен Филипче и семејството има ли уште некој друг близок до министерот Венко Филипче со имот во непосредна близина? Има ли и други јавни функционери покрај Филипче кои што купиле имот во Шпанско село 2? За тоа не одговори ниту министерот Филипче, ниту пак министерството за здравство кое што одговора во име и за имотот на министерот Венко Филипче, преку соопшетние.

Одговорот е да има. И не само што има, туку во Шпанско село 2, во непосредна близина на веќе објавените парцели кои што ги видовте има и парцели здружено поседувани од семејството на Филипче, односно од неговата сопруга, сопственикот на Синерџи и внимавајте – Директор на Клиника др. Илир Хасани. Тие заедно купиле плац запишан во Имотен лист број 1304 КО Нерези вон град со површина од 2.624 м2 . Како што гледате Јордан Савевски, дедото на министерот Филипче, Илир Хасани директор на клиника и Горан Филипов добитници на тендерот од министерство за здравство.

Да потсетиме, седум милиони евра од институциите под надлежност на министерот Филипче во време кога тој е министер се префрлаат на фирмата Синерџи, односно добива тендери односно на Горан Филипов. Синерџи од клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација, анестезија, интензивно лекување и Ургентен центар, според јавно достапните податоци во периодот кога Илир Хасани директорува добива повеќе од 3,7 милиони евра.

Илир Хасани од 2017 година е директор на клиниката и на Ургентниот центар и на КАРИЛ. Во 2017 година е именуван и за национален советник на министерот за здравство. Значи уште еден близок човек на министерот кој што го наименува за советник и купува имот заедно со добитник на тендери и со таткото на сопругата на министерот. Само на првата страна од алатката за јавни набавки за компанијата Синерџи медикал најголем клиент му е клиниката со која што директорува партнерот со кого имаат заеднички имот и со таткото на сопругата на министерот Филипче. И последната и најголема набавка е на крајот на 2019 година што се префрла и во оваа година.

Еве го договорот од 2019 година, 12.12. Тој договор изнесува над 1,7 милиони евра. Поточно 1.708.861 евро, договор потпишан помеѓу Синерџи медикал на Филипов и еве го потписот на др. Илир Хасани кој што е косопственик со министерот на заеднички имот на Водно, во делот на Шпанско село. Значи само директорот Хасани префрла тендери над 3 753 632 евра само Хасани доаѓаат до Синерџи Медикал. Ова е договорот што лично го потпишува Венко Филипче од 556 580 евра.

Илир Хасани покрај овие парцели заедно со дедото на Венко Филипче купува уште една парцела со површина 2606 м2, а за да си го обезбеди делот до градежните плацеви, купува уште една парцела со површина од 353 м2.

Еве ги сите парцели во кои Илир Хасани се јавува како сопственик односно сосопственик:

Дали постои Држава во светот каде што семејство на министер за здравство, негов Директорот на Клиника и негов советник зањедно со сопственик на фирма која добила милионски тендери од тоа министерство, заедно да купуваат имоти со цел изградба на објекти со намена А4 – времено сместување? Да потсетам, надградбата која во моментот се гради на таа градежна парцела, иако сеуште го прикажуваат дека станува збор за неградежно земјиште односно за ниви така посочија од министерството за здравство во одбрана на министерот Филипче стои дека се гради семејна куќа што е спротивно од она што е наведено во документацијата

Со дополнителните откиени парцели сега вкупната површина на парцелите во Нерези, наречени Шпанско Село 2, купени или сосопственици на семејството на Министерот Филипче, Директорот на КАРИЛ и сопственикот на фирмата Синерџи изнесува над 15,580 м2 или на слика

Филипче, ќе ги повторам прашањата кои пред два дена ги поставив, а за тоа Министерството за здравство немаше одговори:

-Што тоа сте планирале да изградите и на какви бизнис зделки сте размислувале наместо да се изгради на пример барем една болница ако не целиот Клиничкиот центар во периодот во кој министерувате?

-Ќе утврдат ли институциите дека тендерите се плод, резултат на конфликт на интереси помеѓу директорот и советник на министерот, министерот и партнерот на министерот во едни вакви зделки?

-Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13?

И уште еднаш ќе го повторам прашањето: Дали можеби има уште некој друг близок до Филипче со имот во непосредна близинана Шпанско село 2?

Македонија тоне со индексите за корупција на сите мерења, а режимот е хибриден и е се поблиску до авторитарен. Институциите мора да реагираат за скандали во здравството за време на министерувањето на Венко Филипче со овој многу сензитивен дел од општеството.

Филипче мора да одговори за скандалот Шпанско село 2!

Прашање: Денеска од СДСМ доставија до суд докази како вашиот претседател на партијата исплатил над 170 илјади евра на негов адвокат и советник додека го водел ЕЛЕМ. Како ова го коментирате?

Одговор: Зборувате за Панче Тошковски? Тоа е од пресовите што ги држеше Костадин Костадинов. На тоа одговори и самиот Панче Тошковски и му порача на Костадин Костадинов да си обезбеди добар адвокат, порача и дека тој бил на истата функција додека и Заев владеел таму. Така што, апсолутно тоа е случај со кој само се прави обид да се покријат скандали, да се прикаже еден дефокус на јавноста од она што е криминал и корупција на владеењето на СДСМ со Зоран Заев и октоподот на власт, кој што со сигурност ќе загуби на изборите на 12 април. Доколку имало било какви неправилности, имаа три години да можат да реагираат. Сега сите нивни постапки, кои што мене ми одаваат впечаток на едно опозициско делување, е само тоа – маскирање на она што е реалност и вистина.

Прашање: Вчера Европската комисија го објави новиот извештај за Република Македонија. Како го оценувате тоа и што очекувате од ЕУ?

Одговор: Повеќе пати сме посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ е за почеток на преговорите на Република Македонија заради доброто на граѓаните, но она што е факт е дека Европската унија несака да соработува со криминалци. Така што, би се израдувале доколку се добие датум, меѓутоа датум и напредок на Република Македонија ќе се постигне со новата власт предводена со ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 12-ти април.

Прашање: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за нови коалиции, за можни коалиции, за преговори за коалиции и така натаму.

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија, комуницира со сите политички субјекти во Република Македонија. Тука би потенцирал она што предмалку го слушнав на прес конференцијата на Зоран Заев и ако добро сум го разбрал вели добро е да се менуваат партиите, да не бидат истите во влада, со што и самиот признава дека апсолутно ќе дојде до промена на власта во Македонија. Тој е свесен дека ќе загуби.

Прашање: Со албански или само со македонски партии?

Одговор: Со сите политички субјекти се разговара и сме отворени за соработка.