Стоилковски: Случајот Лотарија е школски пример за криминал на ДУИ
Наместо по должност да отвори очигледен предмет за Државна Лотарија, ЈО со Љубомир Јовески повторно молчи и се крие, надевајќи се дека ДУИ ќе го донесе Јовески за Уставен судија, а СДС ќе остане уште некој ден на власт.
ЈО со Љубомир Јовески е најголемиот срам за Македонија. ЈО со Јовески наместо да гони криминалци, молкум одобрува криминал, а кога е повикано се крие зад други институции.
Молкум газејќи го правото за случајот Лотарија, ЈО Јовески уште еднаш покажува дека е само и само во функција да не падне владата на ДУИ со СДС.
Милионски и милионски скандали и криминалии се поврзани со ДУИ, Ахмети и Груби, а ЈО со Јовески никаде ги нема!
Случајот Лотарија, каде директор најмува од фирма каде е ангажиран член на УО на Лотарија, двајцата од кабинетот на Груби, случајот каде фирма од кланот Зајас за 5 месеци постоење стигнува до 2.6 милиони евра, е класичен школски предмет за Јавен Обвинител.
Ама не и за послушникот Јовески и не за Ислам Абази од Зајас.
За нив нема предмет ни за дуќани во Скопје, ни за Соравија, ни за хотел на Шапка, ни за Лотарија, нема предмети за ништо поврзано со ДУИ.
Да потсетам, одговорност од одговорно лице се бара за постапување спротивно на она што е должност, но и за непостапување според должноста.
Наместо нова функција ќе следува лична одговорност за постапување или непостапување!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
