Македонија
26. March 2020 - 15:01

Стојаноска: Од заразените во Македонија 12 проценти се лекари - итно е потребно донесување 4 мерки

Македонија е втора земја во регионот по број на заразени по жител од коронавирус, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пред нас се само Хрватите. Од партијата тврдат и дека 12 проценти за заболените се медицински работници. Според нив ваквата статистика е резултат  на несоодветната заштита.

Пред нас е само Хрватска или таму има 102 заразени на милион жители, потоа следи Македонија со 88 заразени на милион жители. На третото место е Црна Гора со 83 заразени на милион жители, на четврто е Грција со 71 заразен на милион жители, на петто е Албанија со 55 заразени на милион жители. По ова следат Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Турција.

Поради ваквата ситуација во земјава, опозицијата предлага сет здравствени мерки.

Од партијата велат дека ќе ја поддржат секоја мерка на Владата која се однесува на заштита на граѓаните.