Стојчев: ИТН може да се расцепи, бугарските граѓани разочарани од Слави Трифонов
Во интервју за бугарското електронско издание Фактор, познат политолог и предавач на Софискиот универзитет, Стојчо Стојчев, коментираше дека пропадна и овој мандат за формирање влада на Бугарија и дека беше јасно дека овој формат на влада на партијата „Има таков народ“ нема да мине во Националното собрание.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, смета Стојчев, на истиот начин „Има таков народ“ најверојатно нема да го поддржи третиот обид за формирање влада на Бугарија.
Според него, не е исклучено партијата на Слави Трифонов да се подели и дел од нивните пратеници да покажат подготвеност за дијалог, со цел 46. Народно собрание да има подолг мандат и за да можат тие подолго да останат во него.
Аналитичарот е категоричен дека никој не е заинтересиран за нови избори во Бугарија. Целта на „Има таков народ“ беше да се разнебити политичкиот систем во земјата и во голема мера тоа беше постигнато. Прашањето е дали партијата на Слави Трифонов ќе ја преживее оваа „експлозија“. Многу е веројатно, доколку се поди на нови рани избори партијата на Слави трифонов да исчезне .
Според Стојчев, Слави Трифонов и неговите сценаристи веќе разочараа многу луѓе во Бугарија.
Според овој предавач на Софискиот универзитет сега најголемиот проблем не е во владата, туку дали ќе има мнозинство во Народното собрание, со кое таа ќе работи во период од една до две години.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан