Бизнис
30. November 2017 - 19:39

Стоките ќе поминуваат преку граница без задржување, царини и квоти - почнува процесот на поврзување на земјите од Западен Балкан

Непречен  проток на стоки и улуги,  олеснето движење на капиталот  и работната сила ќе донесе најавената Регионална  економска соработка меѓу 6 те земји во регионот, кои не се членки на Унијата.

Тоа ќе значи слободно движење на граничните премини,  без плаќање  царина, квоти или други непотребни бариери,. Ќе се  создаде единствен заеднички пазар, каде ќе се признаваат сите гранични документи, а транспортните средства ќе ги минуваат границите без никакво задржување

-Со тоа регионот ќе се направи атрактивен за привлекување странски инвестиции, каде младите ќе сакаат да остануваат дома, ќе донесенат нови вработувања за младите и поголем економски раст, изјави Зоран заев, премиер на Владата.

За да се постигне ова, неопходна е поголема соработка на Царинските Управи на земјите од Западен Балкан,  Денеска го  одржаа првиот неформален состанок

-Границата ќе се минува без задржување и чекање, за тоа мора заеднички да соработуваме, мора да се зајакне Цариснката Упрва, изјави Драган Тевдосвки, министер за финансии

Се разгледува и можноста со Србија заедно да се користи и граничниот премин Табановце, каде ноовиот терминал треба да биде готов до март наредната година.

Целосно слободниот проток на стоки и услуги, согласно потпишната заедничка спогодба, се очекува да стартува од 2023 та година.