Столтенберг: НАТО нема да ги повлече војниците од земјите кои се приклучија по 1997 година
– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за канадскиот телевизиски канал СВС ги објасни клучните позиции на Алијансата во однос на односите со Русија.
– НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина. Може да има промена во плановите. Значи постојат шпекулации за ова прашање, но нема гаранции. Знаеме за значително зголемување на руската војска, распоредување на десетици илјади војници и тешка опрема. Слушаме и многу заканувачки реторики, истакна Столтенберг одговарајќи на прашањето колку е сериозна заканата од руска инвазија на Украина
Тој нагласи дека „НАТО никогаш нема да се согласи да ги повлече своите трупи од земјите кои се приклучија на блокот по 1997 година, бидејќи тоа ќе ги направи членки на Алијансата од втор ред“.
– Сојузниците на НАТО не можат да прават компромиси за основниот принцип на европската и меѓународната безбедност. Фактот дека секоја земја има право да го избере својот пат, да одлучи сама дали сака да се приклучи на сојуз како НАТО или не, всушност е основен принцип, додаде Столтенберг.
– Се разбира, не можеме да се согласиме дека не треба да имаме војници на НАТО во сите земји кои се приклучија на блокот по 1997 година. Ова во суштина значи дека половина од нашите членки нема да можат да бидат заштитени од војниците на НАТО. Тогаш тие ќе бидат нешто како членки на НАТО од втор ред, а тоа никогаш нема да го дозволиме, изјави генералниот секретар на Алијансата.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња