Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“

Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема.
Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се откажани речиси 700 лета.
Со штрајкот што го свика синдикатот ВС опфатени се пилотите на националната авиокомпанија, како и на подружниците „Луфтханза карго“ и „Луфтханза ситилајн“. Тие бараат повисоки плати, измени во пензиската шема и корекција на надоместоците за пилотите ангажирани во подружницата „Ситилајн“.
Што се однесува на пилотите на нискобуџетската туристичка авиокомпанија „Евровингс“, се очекува тие во текот на денот да се вратат на работа.
Во меѓувреме, за утре и задутре е свикан штрајк и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“, кој е петти штрајк во компанијата оваа година.
Од раководството со порака до синдикатите дека контфронтацијата и секој ден минат во штрајк дополнително ја ослабуваат авиокомпанијата.
МИА
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
